Македонските природни и традиционални убавини претставени во бугарскиот туристички магазин “Destinations-ultimate guide for your holiday“ ја збогатуваат библиотеката на оригинални публикации од независни медиуми како авторитетен, ажуриран и сигурен извор на информации за дестинациите. Туристичката репортажа за Македонија е со богати содржини и илустрации за неоткриените убавини во нашата земја, претставувајќи ги специфичните вкусови и ено-гастро концептот.
„Соработката со туристичкиот сектор на Бугарија и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е континуирана и присуството во медиумите за туристичка промоција на земјава значи повеќе туристи и повеќе остварени ноќевања од страна на бугарските гости. Ено-гастро концептот остави печат оваа година и клучните сегменти од репортажата ги промовираат традиционалните кулинарски специјалитети карактеристични за Кратово, Берово, Струмица, Битола, Дојран, Охрид, Љубојно“, потенцираше директорот на Агенцијата за туризам д-р Љупчо Јаневски.
Туристичката промоција на Македонија во Бугарија е во соработка со г-дин Руслан Јорданов кој ќе истакне дека во време кога желбата за патување е сè поголема, сериозно недостасува искрена комуникација меѓу медиумите и луѓето, а односите треба да се базираат на искреност и отвореност.