Спасовски, Николовски и Костадиновска-Стојчевска во работна посета на Битола

од Radmila Tasevska
229 прегледи
Утре, 25-ти ноември 2023 година (сабота), министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска се во работна посета на Општина Битола.

Агендата ќе ја започнат на средба со корисници на средства преку годишната Програма за поддршка на проекти од национален интерес во културата и преку конкурсот Цртај на македонски во галеријата „Магаза”, каде министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во 11:30 часот ќе даде изјава за медиумите.

Потоа владината делегација ќе се упати кон Секторот за внатрешни работи (СВР) – Битола каде министерот за внатрешни работи Спасовски ќе направи увид на една од капиталните инвестиции на Министерството за внатрешни работи на ова подрачје – инвестирање во побезбедна иднина. Пред објектот на СВР Битола, министерот Спасовски ќе се обрати на присутните медиуми, точно на пладне.

Работната посета на Општина Битола продолжува во селото Кажани каде министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе оствари средба со успешен корисник на ИПАРД Програмата, Флора Фреш, по што ќе следува изјава за медиумите од страна на министерот Николовски, во 13:00 часот.

Слични содржини