252
„Алчноста е индивидуална категорија, која луѓето или ја имаат или ја немаат. Гледавме како никнуваат бели палати и различни објекти кои не вродија никаква придобивка за обичниот граѓанин, па констатацијата е таа. Дека алчноста на тие кои доаѓаат на власт за личен профит била нивен императив, во времето на ВМРО-ДПМНЕ“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Трилинг“ на ТВ24.
Тој додаде дека сега владата работи за да се подобрат работите кои останале како наследство од работењето без државнички капацитет во минатото.
„За жал, времето нe гази, а алчноста останува лична категорија. Затоа јас повикувам на лична, наспроти колективна одговорност“ рече Битќи.