Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби навести дека треба да има премиер Албанец во последните 100 денови од мандатот на техничката Влада.
-Тоа го разговаравме и во последните денови и со СДСМ и со коалициските партнери. Нема ништо лошо да и се случи и на државата, исто како што беше претседател на Собрание во два наврати или министри за внатрешни и надворешни работи. Целта ни е да се срушат табуата на предрасуди и на третирање на граѓани од втор ден во државата и со тоа симболично предводење, да покажеме дека сме еднакво општество за сите, каде сите заедно со Македонците, ќе покажеме дека сме еднакви граѓани и каде сите ќе се чувствуваат дека се рамноправни, кажа Груби во емисијата „Студио 10“.
Битно е дека јас нема да бидам, додаде Груби.
Околу имињата за тој кој би можел да биде, Груби вели дека дошол до таков заклучок „дека е прерано за него и дека би требало да биде друг човек кој ќе ја предводи Влада“.
-После подолги анализи и разговори со Ахмети, заклучивме дека не треба да бидам јас и дека е прерано за мојата политичка кариера. Дојдовме до заклучок дека друга кандидатура би била подобра и за државата и за ДУИ. Има огромен капацитет ДУИ, кажа вицепремиерот и рече дека Ахмети ќе го најави првиот премиер Албанец.
Според него, тешко е веројатно некој од министрите во Владата од редовите на ДУИ да биде следниот премиер.
-Би било добро да е дама и госпоѓа. Ќе видиме, може јавноста ќе се изненади пријатно, потенцира Груби.