Избран нов претседател на МАНУ

од Nikola Popovski
306 прегледи

Собранието на Македонската академија на науките и уметностите, на вчерашната седница го избра новиот состав на Претседателството на МАНУ за мандатниот период 2024 – 2027 година, што ќе го предводи академик Живко Попов.

Мандатот на досегашното Претседателство и на претседателот Љупчо Коцарев завршува на 31 декември годинава.

Членови на новиот состав на Претседателството се: акад. Живко Попов – претседател, акад. Алајдин Абази – потпретседател, акад. Витомир Митевски – потпретседател, доп. член Блажо Боев – секретар.

Академик Попов (роден на 23 јуни 1950 година во Кавадарци) е македонски хирург, професор и научник од областа на урологијата и медицинските науки. Попов објавил над 70 научно-стручни трудови во домашни и меѓународни научни списанија. За редовен член на МАНУ е избран на 27 мај 2009 година.

На седницата е усвоен и Четиригодишниот извештај на Претседателството за работата на МАНУ во периодот 2020 – 2023 година, соопшти Собранието на МАНУ.

Слични содржини