Нутриционист предупредува дека ова популарно овошје не треба да се јаде за појадок

од Stefanija Kuzmanovska
358 прегледи

Ако сте како повеќето, наутро сте во брзање, што значи дека ќе појадувате нешто што може да се јаде во движење. Затоа, бананите се популарен избор, но според нутриционистот Дерил Џофре, тие треба да се избегнуваат наутро.

„Бананите изгледаат како совршен избор, но имаат 25 отсто шеќер и се умерено кисели. Тоа на почетокот ќе ви даде енергија, но наскоро ќе бидете уморни и гладни“, изјавил тој за Byrdie.

Така, иако бананите се полни со калиум и витамин Б6 и немаат холестерол и сол, тие нема да ја одржат нашата енергија во текот на денот. Џофре советува да ги комбинирате со извори на здрави масти, како јаткасти плодови, семки, авокадо, маслинки и јајца.

Националната медицинска библиотека на САД составува голем број студии кои откриле дека јадењето банани за појадок е проблематично бидејќи тие се поврзани со зголемување на нивото на шеќер во крвта.

На прво место, треба да бидат внимателни пациентите со дијабетес тип 2, чие ниво на шеќер може сериозно да се промени доколку консумираат банани секој ден.

Слични содржини