Доктор предупредува што може да се случи ако спиеме само пет часа навечер

од Stefanija Kuzmanovska
358 прегледи

Важно е да спиете седум до осум часа навечер. Во спротивно, ризикуваме замор и го зголемуваме ризикот од болести како што се мозочен удар и дијабетес, предупреди д-р Ерик Берг на својот канал на YouTube.

„Кога се одмараме, нашите тела закрепнуваат, согоруваме најмногу масти, ги детоксицираме нашите тела и мозоци“, набројува д-р Берг.

Тој продолжува да објаснува дека кога не спиеме доволно, се јавува симпатичка хиперактивност.

„Симпатичкиот систем функционира кога не спиеме. Тогаш имаме повеќе адреналин и повеќе кортизол, а надбубрежните жлезди работат понапорно. Премногу активниот симпатички нервен систем може да не држи будни, но недоволното спиење или прекумерното оптоварување на симпатичкиот систем го оптоварува срцето“, вели тој.

Исто така предупредува дека недостатокот на сон го отежнува слабеењето.

„Ако сте на диета и вежбате, но не спиете доволно, го губите времето“, заклучил докторот.

Слични содржини