Даути: Кои се критериумите на Камиловска Трповска за избор на членови во ДСКС?

од Nikola Popovski
423 прегледи

Денеска беше објавена предлог-листа на најдобро рангираните кандидати за членови на Државната комисија за спречување на корупција, и секако, очекувано, многу незадоволни. Меѓу незадоволните, се најдов и јас, бидејќи „за малку“ не бев предложен. Моето незадоволство е мешавина на задоволство што  одредени членови ме оцениле со максимални бодови, и огорченост од крајноста на обезвреднување на мојот интелектуален и професионален бекграунд од други членови. И тука се најдов во допирна точка со незадоволството на еден член(всушност двајца), кои со право можат да им забележат на „усогласеноста“ на членовите од редовите на пратеничките групи, но тие самите, отишле во друга крајност при нивните гласови, вели новинарот и поранешниот член на Комисијата за лустрација, Даут Даути, кој за три поени бил извисен од предлог-членовите за нов состав на ДКСК, како реакција на членката на Комисијата за селекција, Снежана Камиловска-Трповска која истапи со издвоено мислење и посочи на „необјективно и оркестрирано гласање на другите членови на Комисијата“.

Во реакцијата која Даути ја достави за „Локално“, посочува дека Камиловска-Трповска од граѓанскиот сектор, според пренесеното во медиуми кажала(цитирам):„Кандидатите кои манифестираа одлични познавања од областа, спремност за директен и недвосмислен одговор и со одлични компетенции не беа добро оценети од страна на другите членови“.

-Од горецитираното се извлекува логички заклучок дека таа, за разлика од претставниците на партиите, ги оценувала најреално кандидатите, што ќе рече, според издржани критериуми, што би значело, и како пример, репер, за останатите.

Но во поените што ги дала за мојата кандидатура, најсликовито се гледаат нејзините „издржани“ и “праведни“ критерими, од 100-те можни поени, ми доделила нејзини „максимални“ 7!!!, стои во реакцијата на Даути, при што додава:

-Таа и можела да имала субјективен суд за недоволно добар настап на интервјуто, немам што да и забележам. Но ај да видиме: за достигања во борбата против корупција од 40 можни, ми дала 3, иако пред неа, како и пред други, била предочена биографија со над 20 години новинарско искуство, па ако не можела да оцени дека мојот придонес не е за 40, барем за некои 10-15 вредело, нели?! Во категоријата преставување на кандидатот, од можни 20, ми доделила само еден поен! Претставување? Со што? Претпоставувам дека тоа било некој вид профил со биографкси податоци, професионални ангажмани, итн. На автор на 15-16 дела(литературни и публицискички), на добитник на две високи новинарски награди само 1 поен, навистина брилјантна правичност, да и позавидат сите, посочува Даути.

Според него, слично гледање, иако како што вели, тоа помалку личи на едноумност, искажал и вториот претставник на невладиниот сектор, Милан Додов.

-Очигледно ниту читаат или читале нешто од мојата новинарска маленскост, а за поезија, раскази, и друг вид творби, не е толку важно. Пред себе имале кандидати кои биле експонирани како партиски кадри, но чиј кадар сум бил јас, на која партија? Хелсиншки комитет, чиј член сум бил, или уште еден Хелсиншки на граѓаните, па МЦМК Толеранција…не се регистрирани како партии.

Не мора да им значи тоа што никогаш не сум бил член на одредена политичка, доволно било да изгуглаат нешто од мојот минат труд, па ќе најдеа некоја трага и околу начинот како сум ги третирал проблемите со кои се бави Комисијата за спречување на корупција, дали сум бранел или напаѓал некого без основа, или кои биле моите погледи за општи општествено политички, етнички, верски и граѓански прашања, каде што претпоставувам дека се крие „зајакот“, за што недвосмислено јасно и јавно сум го кажал мојот став.

Навистина разочарувачки лош пример како некои членови кои ги напаѓаат другите за политички договарања, сами се однесуваат надвор од секакви критериуми, стои во писмената реакција на Даути по повод предлог изборот за членови на ДСКС.

Според Камиловска-Трповска, другите членови на Комисијата за селекција „изнајдоа компромис токму и само за овие кандидати и покрај слабите интервјуа, одбивањето да одговорат на директни прашања за општествени состојби, како процесот на заробеност на државата, високопрофилни случаи кои се веќе предмет на работа на сегашната ДКСК, а се дел и од констатирани состојби од Извештајот на Европската Комисија за 2023 година, прашања поврзани со политичка и правосудна поврзаност, тргување со влијание, лобирање“.

Таа вели дека имало кандидати кои манифестирале „одлични познавања од областа, подготвеност за директен и недвосмислен одговор и со одлични компетенции кои не беа добро оценети од страна на другите членови, со што им се оневозможи да се борат за позиција претседател и член на ДКСК“, без да посочи кои биле тие кандидати.

Н.П.

Слични содржини