Тренчевска: Голем дел од пензионерите се задоволни од новиот пакет антикризни мерки

од Nikola Popovski
331 прегледи

И минатата година кога бевме далеку од избори, во декември го донесовме Законот за финансиска поддршка на ранлива категорија на граѓани. И оваа година повторно во декември донесовме нов пакет на антикризни мерки, изјави министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за деветиот пакет мерки што ги донесе Владата.

Според неа, предвидените 26 мерки не се донесени за предизборие, туку за граѓаните и стопанството.

-Со овој пакет ќе бидат опфатени 440 илјади граѓани. Голем дел на пензионери се задоволни со оваа финансиска поддршка што Владата ја дава. Од 336 илјади пензионери не очекуваме дека секогаш сите ќе поддржуваат одредена политика на Владата, кажа Тренчевска.

Со овој пакет мерки ќе бидат опфатени над 187.000 пензионери кои во наредните пет месеци ќе добиваат дополнителна финансиска помош. Пензионерите со пензија до 14.000 денари, ќе добиваат по 3.000 денари месечно, оние со пензија од 14.000 до 16.000 по 2.000 денари месечно, а пак оние со пензии од 16.000 до 19.000 денари, ќе имаат поддршка од 1.500 денари.

Слични содржини