209
Израелската армија денеска објави дека ги обновила борбените операции против Хамас во Појасот Газа и дека нејзините авиони изведуваат серија воздушни напади врз цели на милитантната група.
Израелската армија тврди дека Хамас ги прекршил условите на привременото примирје и дека истрелал ракета кон израелска територија непосредно пред крајот на примирјето утринава во шест часот по локално време.
Војската тогаш соопшти дека нејзините воени авиони извршувале бран воздушни напади врз цели на Хамас во Појасот Газа и наскоро ќе објави детали за тие напади.
Претходно, израелската војска соопшти дека пресретнала ракета истрелана од Газа рано утринава откако во израелските заедници се вклучиле сирените за воздушен напад, објави „Ројтерс“.