Карпентер за „кукавичлукот“ на Блинкен: Никој не сака да седи на маса со Лавров и да слуша лаги, дезинформации и пропаганда

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Лавров уште еднаш фрли вина на другите, изјави денеска постојаниот претставник на САД во ОБСЕ Мајкл Карпентер, на прашање да ја искоментира изјавата дадена на прес-конференција во Скопје на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, дека „сите проблеми со кои се соочува Балканот потекнуваат од Западот, уште од времето на распаѓањето на поранешна Југославија“.

-Со сета должна почит кон него, господинот Лавров уште еднаш фрли вина на другите, ја има усовршено таа уметност. Би било соодветно да направи поголема интроспекција на руското малигно влијание врз повеќето демократски држави, вклучително и на Западен Балкан, каде што е тоа нагласено, кажа Карпентер на прес-конференција во рамки на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје.

На прашањето, пак, да ја искоментира изјавата на Лавров, дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен и Жозеп Борел „кукавички избегале од состанокот со него“, Карпентер рече дека „никој не сака да седи на маса со Лавров и да слуша лаги и дезинформации и пропаганда“.

Слични содржини