Деца земени како заложници од Хамас биле „обележани“ од нивните киднапери со изгореници од загреаните издувни цевки на мотоцикли, открија семејствата на неодамна ослободените деца заложници.
„Ни раскажуваа приказни за тоа низ што поминале во Газа. Приказните се ужасни“, рече Јанив Јаков, вујко на 12-годишниот Јагил и 16-годишниот Ор, две момчиња ослободени оваа недела како дел од договорот за прекин на огнот на Израел со Хамас.
„Секое дете кое било однесено од Хамас било однесено на мотор и на секое дете му ја ставале ногата на ауспухот на тој мотор, за да имаат изгореници, па ќе бидат обележани ако побегнат, за да можат да ги пронајдат“, рекол Јаков за време на интервјуто, пренесува Times of Israel.
Hamas burned child hostages with motorcycle exhaust pipes to 'mark' them, drugged them to keep them complacent: family https://t.co/CUHoqAs4Fv via @nypost
— Dr. Elnora Rowan (@DrElnora) December 1, 2023
Неговите внуци и другите деца заробени од терористите, исто така, често биле преселувани од место до место и дрогирани.
„Биле третирани толку лошо, но барем сега се со нас“, рече тој.
Искуството на Јагил и Ор беше само едно од многуте што дојдоа од роднините на децата земени како заложници од Хамас за време на нивниот крвав напад врз Израел на 7 октомври. Од повеќе од 200 заложници, околу 40 се верува дека се деца. Досега се ослободени најмалку 32 деца.