📸„Го сакам, но нема да се омажам за него“: Се огласи 54 години помладата девојка на Ал Пачино

од Stefanija Kuzmanovska
296 прегледи

Врската помеѓу славниот актер Ал Пачино и неговата 54 години помлада партнерка ја заинтригира јавноста ширум планетата уште од првиот ден.

Двојката летово го доби синот Романо, а Нур Алфалах, која има 29 години, проговори за врската со Ал Пачино.

„Не сакам да се омажам за него, иако го сакам“, изјавила Нур за TMZ, додавајќи:

„Јас не сум тип за мажење“.

Партнерката на познатиот актер истакна дека бракот не го смета за важен чекор во љубовната врска.

Да потсетиме, парот пред неколку недели постигна договор за старателство според кој беше одлучено Ал Пачино на својата девојка да ѝ плаќа повеќе од 30.000 долари месечно за алиментација.

Слични содржини