Влијае на менталното и физичкото здравје: Кои се последиците ако подолго време немате секс?

од Stefanija Kuzmanovska
383 прегледи

Ако сте во врска, но вие и вашиот партнер не наоѓате време за секс, имаме лоши вести за вас. Ова може негативно да влијае не само на вашата врска, туку и на вашето ментално и физичко здравје.

Постојат неколку причини зошто не треба да го дозволите ова:

Зголемена нервоза

Сексот понекогаш служи како издувен вентил, а шкотските научници се согласуваат дека луѓето кои апстинираат од секс потешко поднесуваат стресни ситуации како што се јавни настапи, за разлика од оние кои имале односи во последните две недели. За време на сексот, мозокот ослободува хормони на „среќа“ кои ве релаксираат, велат експертите.

Слаб имунитет

Недостаток на сексуална активност може да го ослаби вашиот имунолошки систем и да ви ги одземе сите придобивки кои ги пружа. Научници од Пенсилванија откриле дека луѓето кои уживаат во секс двапати неделно, уживаат и во 30 отсто зголемување на ослободувањето на имуноглобулин (IgA), кој е прва линија на одбрана на организмот од вируси.

Несигурноста во врската расте

Без секс, има малку помалку среќа, поврзаност и сигурност со партнерот. Животот без секс во брак може негативно да влијае на самодовербата, затоа и се раѓаат сомневања за верноста на партнерот.

Депресија

Жените почесто паѓаат во депресивни состојби без секс, но не мора да значи дека недостаток на секс е причина за депресија. Студија открива дека и жените чии партнери користат кондом можат да бидат исто депресивни. Научниците веруваат дека ова се должи на одредени компоненти на спермата, како што се мелатонин, серотонин и окситоцин, кои можат директно да влијаат на расположението на жената.

Слични содржини