🎥Претставена вооружена верзија на ранецот со млазен погон: Дали има борбена иднина?

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Идејата за „џет-пак“ вооружен со пиштол, со кој операторот цели на далечина само со движење на главата и гледање во целта, звучи како да потекнува од работилницата за гаџети на имагинативниот пронаоѓач Кју од серијалот Џејмс Бонд.

Сепак, Ричард Браунинг, основач на стартапот Gravity Industries, демонстрираше таква платформа како вистинска способност што оди со потписот на неговата компанија за летечки ранец со млазен погон Daedalus.

Браунинг објави видео на TikTok од Daedalus вооружен со пиштол во акција и со него на контролите на „џет-пак“. Пиштолот интегриран во ранецот е поврзан со Daedalus преку цевчеста рамка и се држи во држач што се движи горе-долу, а движењето на пиштолот во различни насоки е синхронизирано со движењата на главата.

@richardmbrowning

♬ original sound – RichardMBrowning

Популарниот портал The War Zone наведува дека не е јасно со каков пиштол е вооружен Daedalus, именуван по митскиот антички пронаоѓач кој летал со својот син Икар со помош на крилја направени од пердуви врзани со восок, но апсолутно е сигурно дека е целосно автоматски „Glock“.

Анализирајќи го објавеното видео, аналитичарите утврдиле дека на ранецот е поврзан Glock G18 калибар девет на 19 милиметри.

Треба да се каже дека армиите ширум светот се прилично заинтересирани за потенцијалните тактички способности на џетпекот. Покрај демонстрациите за американската војска, Gravity Industries им го претстави Daedalus на вооружените сили на Британија и други.

Daedalus се напојува со пет мини млазни турбини кои работат или на Jet A1 или на дизел гориво и испорачуваат 1.050 коњски сили. Секоја единица тежи 27 килограми и има максимално време на лет од десет минути. Максималната брзина е 137 километри на час, а може да достигне височина не повеќе од 610 метри, иако е предвидено при нормална употреба да не лета повеќе од четири метри.

Слични содржини