5 едноставни чекори до совршено украсена елка: Празниците можат да започнат

од Vladimir Zorba
436 прегледи

Како што се наближуваат празниците, продавниците се повеќе се полни со украси, а оние кои уживаат во овој период од годината и во украсувањето на домовите едноставно не знаат да ги изберат најубавите.

Секоја година се трудиме нашата елка да ја направиме уште поубаво украсена, поради што и посветуваме многу внимание.

Еве како со кратки и едноставни чекори можете да го постигнете тоа.

Прв чекор – Додадете ги светилките

Најпрво ставете ги светилките на елката. Како што советува „Remodelaholic.com“, тргнете од врвот на елката и продолжете до дното. Ако сакате пошарено искуство, набавете светилки со повеќе бои, ако се придржувате до некоја тема, усогласете ја бојата на светилките со неа.

Втор чекор – Нека волната го најде своето место на елката

Да, добро прочитавте. Парчињата памучна волна ќе создадат впечаток дека на вашата елка паднал снег и ќе го комплетираат целиот амбиент. Обидете се да распоредите рамномерно, а големината на парчињата со кои украсувате треба да биде произволна.

Tрет чекор – И лентата е присутна

Декоративната лента со саканата боја завиткајте ја околу дрвото, слично како сијалиците што сте ги поставиле. Можете да изберете дали да одите од врвот до дното или обратно, но обидете се да не ги задушите светилките или памучната волна со неа.

Четврти чекор – Сега доаѓаат на ред украсите

Иако сите обично први ги закачуваат, украсите практично се на последно место. Ако започнете по редоследот што ви го дадовме, кога ќе се оддалечите и ќе ја погледнете вашата елка – ќе ја видите разликата и причината зошто е поубава на овој начин.

Петти чекор – „Облечете ја“ елката

Исто како кога човек се дотерува и избира соодветни чевли, истото важи и за елката. Обидете се да најдете соодветен материјал или што и да помислите за да го украсите „коренот“ на елката и на тој начин да го комплетирате нејзиниот изглед.

И ете, вашата елка е украсена.

Навистина интересно, нели? Уживајте во празниците.

Слични содржини