Украинските власти денеска ја обвинија руската армија дека пукала во украински војници кои сакале да се предадат. Поведена е истрага од страна на Украинското обвинителство, а на интернет е објавено видео на кое се гледа како руски војници пукаат во невооружени украински војници, објави „Укринформ“.
Автентичноста на видеото и околностите под кои е снимено, засега не се потврдени. Според првичните информации, настанот се случил во близина на селото Степово, во Покровската област, која ги опфаќа Авдијевка и околните области.
Комесарот за човекови права во украинскиот парламент Дмитро Љубинец изјави дека ќе апелира до Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Обединетите нации да регистрираат уште едно воено злосторство извршено од Руската Федерација – егзекуција на невооружени украински бранители кои сакале да се предадат.
Видеото за првпат се појави во саботата на DeepState, украински Телеграм канал, а во објавата се вели дека снимката доаѓа од првите редови во близина на Авдијевка, каде што се водат тешки борби во последните недели.
Официјален Кремљ ги негира овие наводи.