296
На денешната прес-конференција во Јавното обвинителство беше обелоденето дека убиството на Панче Жежовски од Велес било поради должничко-доверителски односи.
Како што информира обвинителот Гаврил Бубевски, 74-годишното лице му должело 500 евра на еден од осомничените.
-Тој е пронајден заради нивната конекција со еден од осомничените, кој му бил сосед и неговиот долг од 500 евра. Очигледно е дека тој е само прометна жртва, за да се земе возилото и да се изврши ова, рече Бубевски на денешната прес-конференција.
Телото на Жежовски било пронајдено закопано во околина на Велес.