Набљудувачката мисија на Европарламентот ќе пристигне во Србија три дена пред изборите

од Radmila Tasevska
243 прегледи

Мисијата на Европскиот парламент, која ќе ги набљудува претстојните избори во Србија, ќе пристигне во Белград на 14 декември, а меѓу членовите се и известителите за Србија и Косово, Владимир Билчик и Виола фон Крамон, јави Бета пренесувајќи информација од Демостат.

Набљудувачите од Европскиот парламент, кои ќе пристигнат на последниот ден од изборната кампања, ќе бидат дел од мисијата на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) за набљудување на вонредните парламентарни избори во Србија на 17 декември.

Одлуката за испраќање набљудувачка мисија во Србија е донесена откако на адреса на Европскиот парламент беше испратено писмо од претседателот на Собранието на Србија, Владимир Орлиќ.

За време на минатогодишните избори во април, Европскиот парламент првпат испрати делегација за набљудување на изборите во Србија.

Слични содржини