Европски сојуз за промени: На 9 мај ќе ги пензионираме ДУИ

од Nikola Popovski
279 прегледи

Иако без наше присуство, падна договор за датумот на следните парламентарни избори. За информација на јавноста, нашиот предлог беше тие да се одржат во вториот круг од претседателските избори, на 28 април, а сепак е одлучено тие да се одржат во вториот круг од претседателските избори, на 8 мај 2024 година. Всушност, овој датум и не претставува голем проблем за нас, но од исклучителна важност е сега да се комплетира составот на Државната изборна комисија, на што ќе инсистираме и нема да се откажеме по ниту една цена, велат од здружената албанска опозиција составена од три партии.

Од Европскиот сојуз за промени нагласуваат дека распишувањето на изборите впрочем значи, како што велат, „прифаќање на пораз на оваа антиграѓанска власт“.

-Тие конечно се предадоа и го прифатија крајот. По овие избори, односно на 9 мај 2024 година, нема да се слави само Денот на Европа и победата против фашизмот, туку овој ден ќе биде и прослава на победата против овој корумпиран, антиевропски и антиграѓански режим. Во духот на оваа одлука, ги повикуваме граѓаните да бидат спокојни, но и мобилизирани, бидејќи како што го испративме Никола Груевски во политичка пензија и егзил во 2016 година, доаѓа времето да го пензионираме и вториот дел од овој режим – Демократската унија за интеграција, која веќе стана позната како сопственик на казината и игрите на среќа, што сепак, нема да им донесат среќа на овие избори, туку само несреќа, истакнуваат од трите партии преку соопштение.

Слични содржини