Во средината на ноември, израелската војска завршила со инсталирање на најмалку пет пумпи на околу еден километар северно од бегалскиот камп Ал-Шати што може да придвижува илјадници кубни метри вода на час, поплавувајќи ги тунелите во рок од неколку недели, се вели во новинарски извештај.
Не е јасно дали Израел ќе размисли за употреба на пумпите пред да бидат ослободени сите заложници, пишува весникот, а Хамас претходно изјави дека ги сокрил заложниците на „безбедни места и во тунели“.
„Ројтерс“ не можел да ги потврди деталите од извештајот.
Кога беше запрашан да ја коментира веста, американски функционер рекол дека има смисла Израел да ги направи тунелите нефункционални и дека земјата истражува голем број начини да го стори тоа.
Израелското министерство за одбрана не одговори веднаш на барањето за коментар.
„Волстрит журнал“ објави дека официјален претставник на израелските одбранбени сили (ИДФ) одбил да го коментира планот за поплави, но го цитирал неговите зборови дека „ИДФ работи на нарушување на терористичките капацитети на Хамас на различни начини, користејќи различни воени и технолошки средства“.
Израел првпат ги извести Соединетите држави за оваа опција минатиот месец, објави „Волстрит журнал“, велејќи дека официјалните лица не знаат колку владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху била блиску до спроведувањето на планот.
Израел не донел конечна одлука да продолжи или да го исклучи тој план, изјавија официјални лица.