Сообраќајна несреќа на раскрсницата кај Соборниот храм предизвика голем метеж во градот. Според информациите, автомобил излетал од булеварот, се качил на жардиниерата, при што урнат бил еден од трансформаторите за струја.
Поради тоа, околните семафори не биле во функција, па сообраќајот морало да го регулира полицаец.
Нема информации за повредени лица. Дополнително се утврдува материјалната штета.
Претходно сообраќајка имаше и кај ТЦ „Мавровка“ поради што многу граѓани заглавија во своите автомобили на скопските улици и булевари, па сообраќајот беше пренасочуван.
Фото: Твитер