Хрватската полиција вчера околу 19:20 часот добила пријава за сообраќајна незгода во која автомобил удрил во автобус во близина на Пазин, објавија хрватските медиуми.
Од спроведената кривична истрага е утврдено дека 41-годишен државјанин на Северна Македонија под дејство на алкохол 1,39 промили управувал автомобил со пулски регистрации на патот Бадерна – Пазин.
-Возачот не се движел по обележаната сообраќајна лента, туку излетал надвор од коловозот и удрил во бандера, по што се вратил на коловозот, каде удрил во автобус со риечки регистарски ознаки, управуван од 45-годишно лице, велат од тамошната полиција, пренесува „Индекс“.
Во моментот на несреќата во автобусот имало 25 патници и уште еден возач на автобус, но никој од учесниците не е повреден.
Против 41-годишниот македонски државјанин се поведуваат прекршочни постапки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.