Нигериската армија по грешка извршила напад со дронови: Најмалку 85 загинати на верски собир

од Stefanija Kuzmanovska
201 прегледи

Најмалку 85 лица, меѓу кои и деца, загинаа, а 66 се повредени во напад со дрон на верски собир во Нигерија кој армијата го извела по грешка, соопштија денеска властите.

Претседателот на Нигерија, Бола Тинубује денеска нареди истрага за најновата грешка на војската во конфликтните зони. Како што пренесува „Бета“, ваквите истраги, сепак, често се обвиткани во тајност и нивните исходи никогаш не се познати.

„Телата на 85 мртви се закопани додека истрагата се уште е во тек“, се вели во соопштението на нигериската Национална агенција за управување со вонредни состојби (НЕМА).

Нападот се случил за време на прославата на роденденот на муслиманскиот пророк Мухамед. Посетителите на прославата во селото Тудун Бири во неделата вечерта биле нападнати со беспилотни летала кои требало да ги нападнат терористите.

Нигериската војска често изведува воздушни напади за борба против екстремистичкото насилство и бунтовничките напади кои ја дестабилизираа северна Нигерија повеќе од една деценија, често оставајќи цивилни жртви зад нив.

Од 2017 година, околу 400 цивили се убиени во воздушни напади за кои војската рече дека целеле вооружени групи во смртоносната безбедносна криза на северот на земјата.

Слични содржини