Како побегнал Палевски: Првата адреса била Белград, фатен е во Баликесир како се движи пешки

од Nikola Popovski
2,1K прегледи

Првиот човек на полицијата Оливер Спасовски на вонредна прес-конференција синоќа ја опиша траекторијата на Љупчо Палевски-Палчо, кој беше во бегство откако ги киднапираше и ги уби Вања Ѓорчевска и Панче Жижевски.

Според Спасовски, Палчо со автомобил бил донесен во Белград и оставен во хотел.

„Неговиот адвокат со возило го однел во Србија, бил оставен во хотел, а оттаму следниот ден го земал друго лице од Скопје. Со џип влегол во Бугарија преку граничниот премин Градина“, изјави Спасовски.

Во Турција влегол преку Бугарија.

„Во Турција тој оди во градот Баликесир. Нашите служби стапија во контакт со турски оперативен извор, кој за кратко време ни даде повратна информација дека лицето се наоѓа во Баликесир. Ни беше речено дека сакал да оди во Истанбул. Тој повикува такси, се качува во него, но прави симулација и практично останува на истото место во Баликесир“, рече министерот.

Палчо бил уапсен додека одел пешки по автопат, додаде Спасовски.

„Постапката за екстрадиционен притвор е во рацете на Министерството за правда, а потоа тој ќе се појави пред судот. Затоа правдата треба да биде брза и целосно спроведена“, кажа министерот.

Вања Ѓорѓевска беше киднапирана на 27 ноември пред зградата во која живеела, кпред да замине на училиште. Неколку часа подоцна таа беше убиена. Истрагата покажала дека мотивот за киднапирањето бил личен интерес. Истрагата се води и против нејзиниот татко, за кој полицијата тврди дека на киднаперите им дал информации за неговата ќерка и нејзиното движење. Целта била да се изнуди пари од таткото на неговата поранешна сопруга, а мајка на Вања.

Телото на девојчето било пронајдено во неделата на 3 декември во околината на Скопје.

Истиот ден беше пронајдено телото на Панчо Жежовски, пензиониран фризер од Велес, кој исчезна на 22 ноември. Неговиот автомобил бил употребен во киднапирањето на девојчето, а полицијата го пронајде изгорен.

Слични содржини