Во текот на ноќта Русија лансираше вкупно 48 дронови кон Украина, а повеќето од нив беа соборени, соопшти денеска украинското воздухопловство.
Во соопштението се додава дека украинските системи за противвоздушна одбрана уништиле 41 дрон пред да стигнат до целта, пренесува „Ројтерс“.
Украинската армија објави дека сите уништени беспилотни летала „Шахид“ од иранско производство биле камикази.