Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла до 100 м. има на планинскиот превој Плетвар, соопшти ЈП „Македонија пат“.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Од АМСМ велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.