Грковска очекува институциите да ги преземат неопходните мерки по ставањето на Анѓушев на американската црна листа

од Nikola Popovski
191 прегледи

Главната обврска е секогаш на домашните институции, но оти секоја меѓународна помош е добредојдена, изјави вицепремиерката задолжена за добри политики на владеење Славица Грковска, коментирајќи ја одлуката на САД да го стават бизнисменот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев на „црна листа“.

Грковска очекува меѓународните и домашните институции понатаму да ги преземат сите неопходни мерки согласно укажувањата

-И претходно сум изјавила дека главната обврска е на домашните институции, но секоја помош од меѓународните институции, од нашите пријателски држави, особено САД, кои се стратешки партнер е добредојдена и очекувам меѓународните и домашните институции понатаму да ги преземат сите неопходни мерки согласно укажувањата. Веќе предложивме и тоа помина на Влада да се направат измени во Законот за рестриктивни мерки, при што покрај санкциите од ЕУ и ОН, ќе бидат додадени и санкциите од САД и тоа ќе биде дополнителна вредност во борбата против корупцијата и организираниот криминал, изјави Грковска на новинарско прашање.

Стејт департментот вчера го стави Анѓушев на „црна листа“ поради неговата вмешаност во значителна корупција и го означи како генерално неподобен за влез во САД. Забрана за влез во САД добија и сопругата на Анѓушев, Елизабета, и неговите деца, Ангел и Огнен.

Слични содржини