Бислимовски: Не можат екипите на ЕВН одеднаш да заменат повеќе од 400.000 броила

од Vladimir Zorba
410 прегледи

„Не е исклучена можноста за да пости зголемување на цената на струјата поради што потрошувачката на електричната енергија е намалена за 10% заради поставувањето на фотоволтаци – но секако ќе се најдат соодветни креативни решенија што е во наши рамки. Доколку се држиме до плановите за домашно производство на домашна енергија ќе немаме проблеми“, изјав во „Студио 10“ претседателот на РКЕ Марко Бислимовки.

Тој додаде во однос на снабдувањето со електрична енергија според податоците со коишто располага ЕСМ производните капацитети се во добра кондиција.

„Од први декември официјално евтината тарифа се врати кај домаќинствата. Кај нас во Македонија сите броила се дигитални но – не значи дека секое дигитално борило има далечинско очитување. Како што ќе доаѓа отчитувачката група за да се промени, така ќе биде променета енергијата од скапа во евтина. Потрошувачката за декември – ќе биде со целосна применета евтина тарифа. Не можат екипите на ЕВН одеднаш да заменат повеќе од 400.000 броила, но до крајот на месецот ќе биде 90% завршена. Никој нема да биде оштетен“– рече Бислимовски.

Истакна дека постоеле комуникациски пробелми во однос на снабдувањето со топлинска енергија, но тие се надминати.

Слични содржини