Руси Поповска: Државен интерес на Македонија е што поскоро да се спроведат уставните измени за да не се блокира процесот на евроинтеграции

од Nikola Popovski
416 прегледи

Власта и парламентарното мнозинство и дел од опозицијата категорично го поддржуваат овој процес, ги поддржуваат уставните измени, го поддржуваат вклучувањето на бугарскиот народ во Уставот, но дел од опозицијата се против овие измени. Без нивна поддршка не може да се постигне неопходното двотретинско мнозинство. Причините се внатрешна политика. Државниот интерес е што поскоро да се спроведат уставните измени за да не се блокира процесот на евроинтеграции и европската иднина на државата, изјавила македонската амбасадорка во Бугарија, Агнеса Руси Поповска во интервју за бугарска „Нова“.

Таа во интервјуто посочила дека македонското општество е мултиетничко и промовирањето на меѓуетничкото помирување и зближување преку образовниот систем е многу важно за Македонија.

-Се разбира, владите се тие што го даваат тонот за унапредување на соработката, но мислам дека граѓанскиот сектор и влијателните личности со широко јавно влијание што го имаат двете земји можат да одиграат голема улога. Тука би ги споменал и научно-образовните институции и медиумите, рекла Руси Поповска.

Според амбасадорката, потенцијалот за подинамична мултисекторска соработка меѓу Македонија и Бугарија е навистина огромен.

-Минатата година имавме историски високо ниво на трговска размена од над една милијарда евра. Прогнозите за оваа година се дека ќе успееме да го постигнеме истото ниво, а можеби и малку да го надминеме нивото на трговска размена што го постигнавме минатата година, кажала меѓу другото Поповска во интервјуто.

Слични содржини