Вучиќ најави гасна интерконеција и кон Македонија

од Nikola Popovski
584 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во своето обраќање од Ниш по пуштањето во употреба на гасниот интерконектор Србија-Бугарија, одговорил на прашање за понатамошната изградба на вакви проекти и каква положба обезбедува официјален Белград на енергетскиот пазар со нивната изградба.

Одговарајќи на новинарско прашање, Вучиќ најавил дека во иднина ќе изградат гасна интерконекција кон Македонија и дека се надева дека ќе дојде до договор да се стори истото и кон БиХ и Република Српска.

– Знаете дека треба да изградиме нафтовод меѓу Унгарија и Србија, рекол Вучиќ, објавија српските медиуми, имајќи ја предвид потребата од диверзификација.

Тој вели дека во претходните 4 години е направено повеќе за гасни интерконекции отколку во претходните 70 години.

Вучиќ посочил и дека некои земји од регионот немаат ниту метар гасовод.

Гасниот интерконектор Србија-Бугарија денеска беше пуштен во пробна работа во мерно-регулационата станица кај Ниш.

На свеченоста по повод почетокот на работата присуствуваа претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, претседателот на Бугарија Румен Радев и шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануел Жофре.

Слични содржини