Усмртен пешак во Дојран

од Nikola Popovski
342 прегледи

Синоќа во 21.10 часот било пријавено дека во Нов Дојран, на ул.„Маршал Тито“, патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(26) од Гевгелија, удрило во пешакот Д.Ѓ.(48) од Нов Дојран.

На местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, соопштија од МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

Слични содржини