Еден од најблиските соработници на градоначалникот на Охрид – Кирил Пецаков, но и на Христијан Мицкоски е фатен како поседува и шмрка кокаин на сред кафиќ во Охрид. Како што информираше МВР, вчера на 9 декември во 2 часот и 55 минути е приведено лицето А.Т. заради поседување предмети со кокаин, соопштија денеска од СДСМ.
Како што наведуваат од владеачката партија, истакнатиот член на ДПМНЕ од Пештани е Александар Толоманоски, со прекар Дандаро.
-За да биде уште позастрашувачка суштината на настанот, истиот тој работи како просветен работник, велат од СДСМ Охрид.
Според огранокот на партијата, Толоманоски-Дандаро важи за исклчително близок до Мицкоски и градоначалникот Пецаков. Оттаму го поставуваат прашањето дали „ова се традиционалните и морални вредности кои ДПМНЕ им ги продава на младите?“.
-Дали ова се традиционалните и морални вредности што ДПМНЕ им ги промовира на младите и учениците? Ова е вистинското лице на ДПМНЕ и овој скандал кажува многу за какви луѓе станува збор. Деструктивност, уназадување, кочничари и криминални структури! Тоа е ДПМНЕ! Очигледно има многу бело околу ДПМНЕ и Мицкоски,а не само фасадата на Белата палата, истакнаа од партијата на власт.