Новиот претседател на Аргентина, Хавиер Миле денеска положи заклетва пред парламентот на земјата и со тоа и официјално ја презеде претседателската функција, пренесе Ројтерс.
Како претседателски кандидат, Милеи вети дека ќе го исчисти политичкиот естаблишмент од корупција, ќе ја елиминира Централната банка, која ја обвини дека печати пари и ја поттикнува инфлацијата, и дека ќе го замени нестабилниот пезос со американски долар.
Милеи оствари убедлива победа во вториот круг од изборите одржани на 19 ноември и ја испрати перонистичката политичка опција која со децении доминираше на политичката сцена во Аргентина во опозиција.
„Започнува реконструкцијата на Аргентина и крајот на распаѓањето на Аргентина. На моделот на декаденција му дојде крајот. Нема враќање назад. Аргентина ќе се врати на позиција во светот која никогаш не требаше да ја изгуби“, рече меѓу другото новиот претседател во победничкиот говор по објавувањето на изборните резултати.