Ковачевски: Техничката влада е законска обврска, доколку ВМРО-ДПМНЕ не предложи свои министри се остава дамка на изборниот процес

од Nikola Popovski
571 прегледи

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека неговата партија на седница на Извршниот одбор ќе разговара за нов претседател на Собранието, со оглед дека досегашниот спикер Талат Џафери е предложен за технички премиер. Тој најави дека СДСМ ќе има свој претседателски кандидат за изборите и тој ќе биде од нивните редови. За Ковачевски, кандидатот ќе биде и иден претседател на државата по гласањето во април и мај.

Како што истакна премиерот, техничката влада е законска обврска и смета дека сите партии треба да ја испочитуваат обврската, исто како што е негова законска обврска на 100 дена пред изборите, да поднесе оставка.

-Во спротивно се остава дамка на изборниот процес без никаква потреба. Имавме успешна лидерска средба и во широк консензус беше договорен датумот за претседателските и парламентарните избори. Со широк договор беше поддржано дека ќе има и техничка влада, рече Ковачевски пред седиштето на неговата партија, запрашан како ќе постапат доколку ВМРО-ДПМНЕ не предложи свои министри и заменици во Пржинската влада.

На вечерашната седница на раководството на СДСМ, од страна на Ковачаевски се очекува пратеникот Јован Митрески да биде предложен за претседател на Собранието и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на владеачката партија.

Слични содржини