Уапсен тинејџер, планирал напад на синагога во Виена

од Stefanija Kuzmanovska
238 прегледи

Тинејџер е уапсен во четвртокот под сомнение дека планирал напад на синагога во Виена, соопшти денеска австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер.

Тинејџерот најавил во онлајн чет дека има намера да набави оружје за напад на неименувана синагога во Виена, изјавил министерот за внатрешни работи.

Тој веќе имал обезбедено финансиски средства за нападот, јави австриската новинска агенција АПА.

Официјалните лица не го наведоа името на осомничениот, велејќи само дека тој живее во близина на Штајр, во северна Австрија.

Полицијата извршила претрес во неговата куќа и му ги одзела електронските уреди.

АПА наведува дека кај него биле пронајдени фотографии и видео материјал со упатства за изработка на бомби и муниција.

Австриските власти ја засилија безбедноста на синагогите и другите еврејски и израелски институции по зголемените антисемитски инциденти по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври.

Слични содржини