Тешка сообраќајка на скопската обиколница, четири лица завршија во болница

од Nikola Popovski
275 прегледи

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на скопската обиколница, кај с.Визбегово.

Според информациите, несреќата се случила помеѓу автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(45) од с.Глумово, скопско и автомобил „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(20) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „пежо“, Ф.С.(46) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „пежо“ Б.К.(24) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини