Правда ќе направи напори екстрадицијата на Палевски да не биде на крајниот рок од 40 дена, кажа Аврамовска Мадиќ

од Nikola Popovski
257 прегледи

Заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ се надева дека Република Турција и тамошното Министерство за правда, во најскоро можно време ќе испрати повратен одговор за колку време би била екстрадицијата на осомничениот за двојно убиство, Љупчо Палевски-Палчо.

Според неа, нашето Министерство ќе направи напори екстрадицијата да не биде на крајниот рок од 40 дена, туку што е можно поскоро.

-Правото на одбрана и жалба го има секој осомничен и обвинети. Меѓутоа од страна на нас и нашите органи, ќе се направи се за да може прво да биде донесен во земјава, а нашите институции во најбрз можен рок да постапат по предметите. Веќе видовме дека и од МВР и Обвинителството дека постојат доволен број докази за предметот да се заврши во најбрз можен рок, кажа Мадиќ, одговарајќи на новинарски прашања.

Заменик-министерката истакна дека постапката околу доставените документи е малку подолга и не може да знаеме дали времето ќе им биде доволно на тамошните власти за екстрадицијата.

Турските власти пред два дена му определија 40-дневен притвор на Палевски, осомничен за убиствата на Вања и Панче.

Слични содржини