Тајландската полиција заплени рекордно количество дрога метамфетамин во западниот дел на земјата во близина на границата со Мјанмар.
Полицајците пронајдоа 50 милиони таблети скриени во камион што го запреа на заеднички контролен пункт на војската и полицијата во провинцијата Канчанабури, додека маж и жена кои се наоѓа во возилото веднаш беа уапсени.
Пронајденото количество апчиња е своевиден рекорд за тајландската полиција.
Министерот за внатрешни работи на Тајланд, Анутин Чарнвиракул изјави за новинарите дека порано се шверцувала дрога во северните и североисточните провинции на Тајланд, но трговијата се преселила во западните провинции како Канчанабури поради поинтензивниот надзор и безбедноста по старите рути.
Тој рече дека интензивните борби меѓу војската на Мјанмар и бунтовниците и вооружените групи од етничките малцинства ги зголемиле ризиците со кои се соочуваат шверцерите по нивните стари рути.