Хорор во Франција: Девојче (12) донело нож во училиште и се обидело да убие наставник

од Stefanija Kuzmanovska
243 прегледи

Девојче (12) во Франција донело нож во училиште и се заканувало на наставник, по што било уапсено. Во инцидентот нема повредени. Според француските медиуми, ученичката рекла дека сака да постапи „како во Арас“.

Како што пишува францускиот „Либерасион“, оваа среда во Рен, ученичка од петто одделение му се заканувала на наставник за време на час по англиски јазик. Ученичката, наводно, мафтајќи со острото оружје рекла дека сакала да го повтори гестот на Мухамед Могучков, кој на 13 октомври го уби учителот Доминик Бернард и тешко рани уште две лица.

Со психијатриски преглед е констатирано дека малолетничката е „опасна по себе“ и дека нејзината состојба бара нега во специјализирана средина.

Обвинителот Рене Филип Аструк изјавил дека ученичката дошла во училиштето вооружена со голем нож долг 17 сантиметри, со очигледна намера да го убие наставникот по англиски јазик.

„За време на часот замавнала со нож кон жртвата која побегнала. Ученичката ја следела жртвата додека не била разоружана од вработените во училиштето“, додаде обвинителот.

Расправија поради одземање на мобилен телефон

Според локалните медиуми, тинејџерката се налутила откако наставникот ѝ го одзел телефонот, потсетувајќи ја дека тоа е забрането на училиште за време на часовите. Оваа информација за „Франс прес“ ја потврдило девојче, кое навело дека ученичката која го донела ножот минатата недела се скарала со наставникот по англиски јазик бидејќи ѝ го одзел мобилниот телефон на час.

Тогаш девојчето кажало пред сите во класот дека ќе го убие „и ќе го направи истото тоа што се случи во Арас“.

„Тогаш никој не ја сфати сериозно“, рекла ученичката за медиумот.

Слични содржини