Русија распиша потерница по шефот на украинската воена разузнавачка служба

од Stefanija Kuzmanovska
245 прегледи

Руските власти денеска на потерница го додадоа името на шефот на Украинската воена разузнавачка служба (ГУР) Кирил Буданов. Москва смета дека ГУР е одговорен за неколку напади врз Русија.

Името на Кирил Буданов (37) сега се наоѓа во базата на податоци на руското министерство за внатрешни работи, во списокот на лица кои се бараат за прекршување на кривичниот закон.

Властите не прецизираа за што го товарат Буданов, кој од 2020 година е началник на воено-разузнавачкиот оддел во министерството за одбрана на Украина.

Руските власти го обвинуваат за организирање напад во октомври 2022 година, кога делумно го уништи мостот што го поврзува Крим.

Кон крајот на ноември, Украина објави дека се сомнева во Русија за труење со тешки метали на сопругата на Кирил Буданов, Маријана Буданова, која е и советничка на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Кремљ ги отфрли обвинувањата.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека „Украина секогаш ја обвинува Русија за сè“.

Слични содржини