249
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека има некои кругови на моќ во западна Европа кои секогаш ќе бидат против владата се додека „го чуваме територијалниот интегритет на Србија“.
„Имаме намера да го правиме тоа и во иднина“, изјави Вучиќ за време на гостување на ТВ К1.
Вучиќ рече дека кога бил на самитот на COP во Дубаи, еден од лидерите на ЕУ му рекол дека не би верувал колкумина од нив во моментов навиваат за него.
„Реков дека некои смеат, некои не. Но, мислам дека луѓето добро разбираат што направи Србија во претходниот период“, подвлече Вучиќ.