Пунктот во ПС „Пролет“ и шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и во сабота

од Nikola Popovski
303 прегледи

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет“ во Скопје ќе работи и на 16.12.2023 (сабота) од 08 до 16 часот.

Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување.

Исто така, во сабота (16.12.2023) ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ (од 08 до 20 часот) и Беко (од 08 до 16 часот).

Слични содржини