Се трага по 29-годишник од Струмица исчезнат пред недела дена

од Nikola Popovski
273 прегледи

Ни трага ни глас веќе една недела нема од 29-годишниот Марко Давчев од Струмица. Неговото семејство побара помош и испрати апел до јавноста.

Тој е пријавен за исчезнат во полиција на 9-ти декември.

-На 09.12.2023 година во Полициската станица Струмица Т.Д.(64) од Струмица пријави дека од нивниот дом се оддалечил неговиот син М.Д. (29), кој бил со нарушено здравје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од МВР.

На социјалните мрежи кружи и апел за доколку некој го забележи, веднаш да пријави во полиција.