Најмногу снег во Маврови Анови

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Утрово најниска температура од -5 степени е измерена на Попова Шапка, потоа -4 во Крушево и -3 Маврови Анови. Следат Битола, Прилеп, Крива Паланка и Берово со 0 степени, 1 во Охрид, Претор, 2 Виница, 3 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Тетово, Струмица, Кавадарци, Дебар, 4 Скопје-Петровец, Куманово, Велес, Дојран, Демир Капија и 5 степени во Гевгелија.

Најмногу дожд за изминатите 24 часа до 07 часот наврнал во Маврови Анови (59 л/м2), 50 Струмица, 45 Битола, 43 Демир Капија, 30 Кавадарци, 29 Гевгелија, 28 Крушево, 27 Берово, 23 Крива Паланка, Штип, 22 Виница, 20 Дојран, Прилеп, 16 Скопје Петровец, 11 Ѓуриште, 10 Тетово, Куманово, Велес, Попова Шапка, 9 Претор, 8 Скопје Зајчев Рид, 5 Охрид.

Во 7 часот највисока снежна покривка од 48 см има во Маврови Анови, 39 во Крушево, 21 Попова Шапка, 13 Ѓуриште, 4 Берово и 3 см во Крива Паланка.

Слични содржини