Абдуш Демири е предлог на Европскиот сојуз за промени за член на ДИК

од Nikola Popovski
250 прегледи

Европскиот сојуз за промени ја информира јавноста дека до претседателот на Собранието го доставиле предлогот за нивниот кандидат за член на ДИК, Абдуш Демири. Од трите партии исто така побараа поддршка и од нашите меѓународни сојузници, особено од мисијата на ОБСЕ-ОДИХР, Мисијата на ЕУ во Скопје, како и од Амбасадата на САД, да преземат мерки за гарантирање на фер и демократски избори.

-Ако саботажата продолжи и овој член на ДИК му се дава на некоја партија сателит, што неодамна е формирана од ДУИ, или преку овој избор се создава саботажа, така да местото на нашиот член да остане празно, тогаш нека ù се забрани целосно на опозицијата да учествува на изборите, исто како што правеше поранешната Југославија на ЈНА на г. Џафери. Но, ако тврдат дека прифатиле демократија, треба да сфаќаат дека Државната изборна комисија има Изборен законик кој утврдува како се избира нејзиниот состав со членови од владејачките и опозициските партии, соопштија денеска од здружената албанска опозиција.

Демири, кој е член на Движењето Беса, во 2020 година беше назначен за директор на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Слични содржини