Отворени сме да разговараме за сите овие прашања. Кога ќе пристигне барањето од страна на граѓаните, ќе го разгледаме. Секогаш во минатото сме изглегувале во пресрет, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски запрашан дали би ги ослободиле онколошките пациенти од Штип и источниот регион од плаќање на патарини до Скопје и во спротивен правец.
Како што истакна Бочварски, државата ќе даде поддршка на сите граѓани на кои што им е потребна помош.
-Оваа Влада покажа и денеска и во изминатиот период дека кога е тешко, кога има криза, кога има ковид – криза, кога има енергетска криза е овде да им помогне на граѓаните, рече министерот Бочварски по увидот во градежните работи на брана на река Отиња во Штип.