Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) остана нема на прашањата на „Локално“ да ги прокоментираат изјавите на довчерашниот нивен партнер и актуелен директор на ЦУК, Стојанче Ангелов дека „соработката со СДСМ веќе е минато“, а тој дека е разочаран дека партијата не ги исполнила барањата на неговата политичка партија „Достоинство“.
Портпаролите на владејачката партијата, Дарко Каевски и Богданка Кузеска немаа одговор и на прашањето дали со ова продолжува намалувањето на коалициониот капацитет на партијата, предводена од Димитар Ковачевски.
-Ние потфрливме како влада, јас ќе се повикам на извештајот на Европската Комисија. Ставањето на вицепремиер на црната листа за мене е погубно, а градоначалникот од редовите во ДУИ исто така заврши на оваа листа, изјави денес Ангелов.
Поимот „европски фронт“ е ПР стратегија на Владата. Тоа не значи дека другите партии не се за Европа. Ние речиси и да немаме некоја партија која е против членство во ЕУ, додаде лидерот на Достоинство.
Ангелов и преходните месеци посочуваше дека постои можност неговата партија да излезе од владината коалиција, откако Владата ги одбила измените на Законот за бранители.
Н.П.