Папата Франциск официјално ги овласти свештениците да даваат благослов на истополовите парови, пишува „Асошиеjтед прес“.
Ова се наведува во документот што Ватикан го објави во понеделник, во кој оваа радикална промена во Католичката црква се објаснува со зборовите дека луѓето кои бараат Божја милост и љубов не треба да бидат предмет на „исцрпна морална анализа“.
Документот всушност дополнително ја објаснува содржината на писмото кое папата го испрати до двајца конзервативни кардинали, кое беше објавено уште во октомври. Во тоа писмо папата сугерираше дека таквите благослови може да се дадат во одредени околности, ако во исто време е апсолутно јасно дека ритуалот нема никаква врска со бракот.
Меѓутоа, се наведува дека таквиот благослов не смее априори да се одбие.
„На крајот на краиштата, благословот обезбедува начин луѓето да ја зголемат својата вера и доверба во Бога. Затоа, барањето за благослов изразува и негува отвореност кон трансценденцијата, благодатта и Божјата блискост во илјада конкретни животни ситуации, што не е мала работа во денешниот свет“.