Хасани: Патот кон ЕУ за Албанија и сите земји од регионот треба да биде без „но“ и без „доколку“

од Nikola Popovski
152 прегледи

Министерот за надворешни работи на Албанија, Игли Хасани смета дека Македонија и Тирана завршиле многу успешна работа во заедничкото патување кон ЕУ. Вели дека не прават мерења или споредби во дејствувањето меѓу двете земји во интеграцијата.

-Ние сме ја завршиле домашната задача и ќе продолжиме во тој правец. Патот кон ЕУ за Албанија и за сите земји од регионот треба да биде без „но“ и без „доколку“. Сакам да кажам дека мораме и треба да ги продлабочуваме реформите кои што се иницирани и преземени и да се осврнеме добро да ги забележуваме меѓу нас, во контекст кој што станува се потежок. Земјите од Западен Балкан не треба да бидат заложници од ваквите текови, туку интегрален дел од големото европско семејство, рече Хасани на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега, Бујар Османи, запрашан дали Албанија ќе побара одделување од заедничкиот пакет со Македонија на патот кон полноправно членство во Унијата.

Слични содржини